|

Синоќа во Ликовната галерија беше отворена изложбата на слики “Моите соништа на монументалните платна”од Кирил Гегоски-Гегата

Сподели го ова:























Во Ликовната галерија синоќа беше отворена изложбата на слики “Моите соништа на монументалните платна”од нашиот уметник Кирил Гегоски-Гегата. Уметникот се претстави со две големи платна, и повеќе студии акрил на платно создавајќи кохерентна ликовна целина.

“Моите соништа на монументални платна“ – Отворена прекрасна изложба на слики од Кирил Гегоски- Гегата, годинешниот добитник на наградата за животно дело – Златна плакета „3-ти Ноември“! Кирил Гегоски учествувал на многу домашни и интернационални сликарски колонии, а за своето творештво е многукратно наградуван. Вистински репрезент на Прилеп! Му посакуваме многу здравје и уште долги години успешна работа и творештво!” истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој што заедно со Претседателот на Совет Дејан Проданоски и неговиот тим, со особено задоволство ја посетија оваа изложба.



Сподели го ова:

Слични објави