Важно известување за граѓаните кои денеска ќе патуваат надвор од градот
Денеска, намалена видливост поради појава на магла има на патните правци Тетово – Групчин на 20 до 30 метри, на Куманово – Скопје 50 до 60 метри, како и на Катланово – Велес на 50 до 100 метри.
На останатите државни патишта, сообраќајот на се одвива по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и внимателно управување со возилата особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
