ПРИЛЕП ПРАЗНУВА: Прилеп е Град Херој! Епитет кој гордо го носи веќе 79 години

Сподели го ова:


























Со полагање свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, Могилата на непобедените и споменикот на Песјобрдце, Општина Прилеп денеска ќе го одбележи 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот под Марковите кули.

Прилеп е Град Херој! Епитет кој гордо го носи веќе 78 години, нераскинливо поврзан со животот на Прилеп, неговото минато, нашата сегашност и иднината на нашите најмили. Заслугата да бидеме Град Херој е на сите кои дале придонес за тоа, особено на   паднатите борци, и на 15-те народни херои. Прилепчани отсекогаш го имале своето достоинство, гордоста, но и желбата за слобода, просперитет…Денешниов ден  е потсетување и славата за нивното дело.

Денеска го славиме она што тие го замислиле и оствариле. Славиме слобода, славиме правда и  демократија. Празнувајќи го овој ден, најмалку што можеме е да им се заблагодариме на нашите херои за прогресот и напредокот во современото живеење. Без нив, ова ќе беше невозможно.  И покрај се, сплотено да го градиме и развиваме нашиот град за подобро утре на сите нас!  Да собереме сила, да ја искористиме можноста и да создадеме подобра иднина, за поквалитетен живот, на сите!




Сподели го ова:

Слични објави