Jапонскиот амбасадор во посета на Витаминка – слаткиот свет на вкусови!

Сподели го ова:























Овој месец, јапонскиот амбасадорот Савада беше во посета на компанијата Витаминка каде беше пречекан од претседателот на одборот на директори, г. Симон Наумовски.

Тие заедно ги посетија производните капацитети, при што амбасадорот имаше прилика да се запознае на кој начин компанијата успева да произведе производно портфолио кое брои повеќе од 450 различни сопствени рецептури и производи.

Претседателот Наумовски, дополнително ги презентираше и производите кои имаат пласман во Јапонија, како на пример чајните бисквити со цимет.

На средбата беше разговарано за идните инвестициски планови на компанијата, како и за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.



Сподели го ова:

Слични објави