Симпозиум во Прилеп за детска неврологија

Сподели го ова:





























Денеска во Прилеп, се одржа симпозиум за ,,Детска неврологија: рекурентни неонатални конвулзии и епилептичен статус”, кој што беше во организација на Здружението на педијатри на Македонија, и на истиот учествуваа врвни професори и педијатри од Македонија, Словенија и Хрватска.

На овој симпозиум, присутен беше и прилепскиот градоначакник Борче Јовчески, при што истакна:

“Сум истакнал во повеќе наврати досега и пак ќе повторам дека, не само како доктор туку и сега како градоначалник на општина Прилеп, ги поддржувам и ќе продолжам да ги поддржувам сите иницијативи и сите здруженија кои што работат на подигнување на нивото на здраствена заштита на децата во нашата општина.

Упатувам голема благодарност до претседателката на Здружението на педијатри на Македонија, која што воедно е и директорка на Клиниката за детски болести во Скопје, Проф. Д-р Аспазија Софијанова и Прим. М-р Сци. Д-р Габриела Тавчиоска, за целокупниот ангажман и за организацијата на денешниот Симпозиум. За кој што како Општина дадовме поддршка а претходно уште во месец јули потпишавме Меморандум за соработка со Здружението на педијатри и како резултат на тој Меморандум денеска сме тука заедно во Прилеп на Симпозиумот за ,,Детска неврологија: рекурентни неонатални конвулзии и епилептичен статус” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави