Веќе втор ден “прилепските основци” учат во многу подобри услови, за разлика од минатите години

Сподели го ова:



















Веќе втор ден “прилепските основци” учат во многу подобри услови, за разлика од минатите години, а сето тоа е благодарение на поддршката од Општина Прилеп за подобри услови во основните прилепски училишта. Имено еве што поточно е направено во прилепските основни училишта, за само речиси неполна година:





ООУ „Кире Гаврилоски – Прилеп“ за подобрување на условите за учебната 2022/2023г. го адаптираше и реконструираше кабинетот по природни науки. Училиштето планира во следниов период ископ на бунар со техничка вода и поставување на систем за наводнување на зелени површини- проект кој чини 100.000 ден.; набавка на 4 смарт табли и 2 проектори, во вредност од 350.000 ден., како и набавка на машина за чистење подови во училиштната сала, во вредност од 180.000 ден.

Исто така, во напредна фаза се проектите за партерно уредување на просторот пред салата, изградба на настрешница и поврзување на училиштето со влезот во салата како и реконструкција и санирање на оградата околу целото училиште.

ООУ „Гоце Делчев“–Прилеп општинските буџетски средства и средствата од МОН ги намени за уредување на кабинетите за јазици (македонски, англиски, германски и француски) за што издвои 248 000 ден.; опремување на кабинетот по информатика и кабинетот по музичко образование, како и кабинетите по хемија, биологија, математика и физика. Санација на дел од училишната зграда беше тековна активност, за што се издвоени 60 000 ден, како и уредување на ентериерот во училиштето. Училиштето ја подготвува сензорната соба, за што се набавени 8 смарт табли (560 000ден) и 9 телевизори (150 000 ден).

Општинското училиште ООУ „Круме Волнароски“- Тополчани со своето подрачно училиште, за подобрување на условите за учење од општинскиот буџет во висина од 772.849 ден за период од декември 2021 до август 2022 година ги намени за инфраструктурни зафати, промена на столаријата во ППУ во с.Старо Лагово, како и набавка на информатичка и видео опрема.
И музичкото основно училиште ООМУ „Ордан Михајлоски –Оцка“ – Прилеп ги подобри условите за учебната 2022/2023. Изврешена е санација на подот, набавени се клупи и канцелариски столици , извршена е репарација на инструменти и набавка на нови, за 180 000 ден .

Инаку, стартот на учебната 2022/2023 година го започнаа 9.848 ученици од кои 6.691 во основните и 3.157 во средните прилепски училишта.



Сподели го ова:

Слични објави