ШТРАЈК НЕМА! Демант на синдикалната организација ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп после обвинувањата од СДСМ-Прилеп

Сподели го ова:


























            Синдикалната организација на Синдикатот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ја информира јавноста дека во целост го демантира вчерашниот прес на една политичка партија за штрајк на вработените.

           ” Во овој момент во ЈКП нема најавено и не се одвива штрајк.

            Имено, јавноста треба да биде информирана дека репрезентативниот синдикат на нашето претпријатие, член на СУТКОЗ, во кое членуваат над 95% од вработените е сериозна организација која ги почитува законите и работи според нив.

              Во овој момент се одвива интензивна комуникација и социјален дијалог помеѓу Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп,  Управниот Одбор при истото и Синдикалната организација  при  ЈКП „ Водовод и канализација “  Прилеп, член на СУТКОЗ,  за усогласување на платите со законот за минимална плата.

            Според Законот за работни односи член 236, во делот за права и обврски за време на штрајк, точно пишува како се поведува, како се најавува, како започнува и како се спроведува, поточно како се организира штрајк. Социјалниот дијалог и понатаму ќе се одвива и сме убедени дека ќе успееме во нашите барања. Синдикатот и неговите здруженија  остануваат на страна на работниците и одбрана на нивните права  и ќе презема дејствија согласно Уставот, Законите и Колективните договори” – истакнуваат од Синдикалната организација на Синдикатот на ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп.

.

           

                                                       




Сподели го ова:

Слични објави