|

Шампионски ракометен поход на прилепските гимназијалци

Сподели го ова:


























Општинските натпревари по ракомет во машка конкуренција кои се одиграа на ден 20.11.2023 беа многу возбудливи и интересни за следење. Настап имаа екипите од „СОУ Р.Р.Ричко“, „СОУ Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“.

   Во позитивна и коректна спортска атмосфера, екипата од гимназијаците шампионски го заврши финалето и покрај тешката битка која се водеше на терен со екипите од другите училишта кои важеа за фаворити на хартија пред почетокот на турнирот.

   Ова е составот на шампионскиот тим:

1.Андреј Христоски;
2. Давид Димоски;
3. Давор Петрески;
4. Михаил Ѓорѓиоски;
5. Лука Калески;
6. Михаел Матески;
7. Доријан Алавантија;
8. Михаил Шопески;
9. Дамјан Илијески;
10. Леонид Богданоски;
11. Матеј Николоски;
12. Бобан Вренцоски;
13. Јован Соколоски;
14. Антонио Крстески;
15. Христијан Црвенкоски;
16. Филип Таневски – капитен

   Честитки за средношколците од сите училишта за ферската игра.




Сподели го ова:

Слични објави