СЕУШТЕ МИРИСА НА НОВО: И улицата “Мирче Ацев” во Прилеп си доби нов асфалт

Сподели го ова:


























opstina

И улицата “Мирче Ацев” во Прилеп си доби нов асфалт, а дупките и “крпениците” на оваа улица се веќе минато. Станува збор за големата угорница која започнува од фудбалскиот стадион “Гоце Делчев”, а воедно оваа улица е и една од најфрекфентните улици, каде што безбедноста во сообрајќајот минатите години беше нарушена како резултат на дупките кои постоеа на секој чекор. Меѓутоа, од она што денес го регистрира објективот на нашиот информативен портал, може да се забележи дека оваа улица си доби ново руво-односно нов слој на асфалт, кој што мора да се признане дека значително ќе ја подобри безбедноста на сообрајќајот на оваа улица како и изгледот на истата.

Исто така, треба да се напомене дека минатиот период нов асфалт се постави и на повеќе прилепски улици како што се: Цена Џинорозот, Благоја Крстески, Добре Иваноски и Прохор Пчински, Киро Пајмакоски, Браќа Ламески, крак од улицата Јоска Јорданоски… Прилеп, со сигурност се враќа на вистинскиот-правилен пат, онака како што заслужуваат прилепчани.




Сподели го ова:

Слични објави