Еве што до 30.11.2021 година треба да направат студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија

Сподели го ова:


Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник 30.11.2021 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија. Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Сите незадоволни кандидати може да достават приговор на studentski.stipendii@mon.gov.mk





Сподели го ова:

Слични објави