Се чисти дел од Оревоечка река и неурбанизираниот канал
ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, и Локаланата самоуправа, започна да го чистат неурбанизираниот дел од речното корито позади егејските згради. Трска, шипови, врба, многу исфрлен отпад , тиња и што ли уште не, деновиве ќе чистат комуналците и сиот отпад ќе се транспортира до депонијата во Алинци.
Заради обемноста на работата, но и заради дел од отпадот кој пред транспортот мора да се исцеди, се замолуваат жителите од населбата за стрпливост, а воедно се замолуваат граѓаните да не го користат речното корито за одлагање на било кој отпад, туку со правилно третирање да го предаваат на комуналните служби.