СЕКОЈА ЧЕСТ: Благој Рујаноски од Прилеп е Јуниорски олимписки првак во информатика

Општина Прилеп има Јуниорски олимписки првак во информатика, а тоа е Благој Рујаноски, кој е ученик во 9-то одделение од ООУ „Климент Охридски“ -Прилеп. Благој има освоено прво место на Регионален натпревар по информатика, второ место на државен натпревар и златен медал односно прво место на Македонска јуниорска олимпијада по информатика.
Денеска, прилепчанецот Благој беше во официјална посета во Кабинетот на градоначалникот на општина Прилеп- Борче Јовчески, каде наиде на топол прием. Веднаш по средбата, Јовчески истакна: Успесите на сите млади и талентирани ученици секогаш ќе ја имаат мојата поддршка. Му посакав многу среќа во иднина на Благој за подготовките како и за учеството на Балканијада и на Европската јуниорска олимпијада-нагласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, веднаш по средбата со овој млад олимписки првак во информатика.
Секоја чест Благој!