СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ПЕЦАКОВ: За неполни 24 часа обезбеди финансиски и логистички средства за организација на маратонот
Охридски пливачки маратон ЌЕ ИМА! За таа цел Општина Охрид ќе обезбеди 2 милиони денари за непречена организација Охридскиот пливачки маратон.
“Неизмерна е среќата и задоволството што ги чувствувам, воден од фактот дека Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Охридскиот пливачки маратон, не е само спортска манифестација. Тој е многу повеќе од тоа. Тој е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас се исправија големи препреки. Водени од помислата дека маратонот опстоил 60 години, опстоил и во можеби многу потешки времиња од сегашните и дека во него животен труд вложиле плејада охриѓани, успеавме да ги надминеме препреките.
Изразувам голема благодарност до Охриѓани и бизнис заедницата од градот, но и надвор од државата кои во неполни 24 часа изразија подготвеност да помогнат финансиски и логистички во организацијата на маратонот. Агенцијата за млади и спорт во Охридскиот пливачки маратон ќе учествува со 10 000 евра кои ќе бидат наменети за наградниот фонд”-истакна градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков -најуспешниот охридски градоначалник кој го имал Охрид изминативе 30 години.
Инаку Пецаков е роден во 1985 во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид, а високо образование завршува на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје. Специјализира на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје и се стекнува со називот Специјалист по детска и превентивна стоматологија. Во два мандати е дел од Советот на Општина Охрид од 2009 – 2013 и од 2017 – 2020. Од 2020 до 2021 година е пратеник во Собранието на Република Македонија, а веќе од 31.10.2021 година станува градоначалник на Општина Охрид, функција во која што доста успешно се пронаоѓа. Иако речиси неполна година е градоначалник на Охрид, тој веќе отпочна голем број на проекти, при што постојано е на терен во интерес на охриѓани и работи искрено и чесно, онака како што му доликува токму него на овој млад, способен интелектуалец, човек со искрена душа и човек од народот.