Почина прилепчанецот Кирил Тодороски – Темпо

Сподели го ова:






























Почина прилепчанецот Кирил Тодороски – Темпо, а веста е потврдена и на фб страната од Елит кафе во која се вели:

“Со длабока тага ја известуваме јавноста дека на 03.12.2025 година почина Кирил Тодороски – Темпо (роден на 23.12.1957), еден од сопствениците на компанијата Ројтем од Прилеп, позната под брендот Елит Кафе.

Кирил зад себе остава силен печат, како човек со препознатлив позитивен дух, голема посветеност и љубов кон својата работа. Со години беше двигател во развојот на компанијата, присутен во секојдневието на вработените, клиентите и партнерите. Неговата насмевка, поддршка и искрена човечност ќе недостасуваат на сите што имаа чест да го познаваат.

На семејството, пријателите и сите блиски им изразуваме искрено и длабоко сочувство.

Телото ќе биде изложено на Нови градски гробишта во Прилеп на 04.12.2025 (четврток) од 10:00 до 12:00 часот, а погребот ќе се одржи во 12:00 часот.

Нека му е вечна слава и мир на неговата душа” – известуваат од Елит Кафе.




Сподели го ова:

Слични објави