СЕКОЈ ДЕН ПО ЕДЕН: Денеска во Прилеп е уапсен уште еден криминалец

Денеска, 19.08.2022 во Прилеп, приведен е уште еден криминалец, кој бил уапсен од страна на полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција Битола, Полициска станица Битола, кои биле во координација со Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај-Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп.
Станува збор за Б.Н.(29)од Штип, кој што веднаш бил лишен од слобода бидејќи се работи за лице за кого била распишана потерница по наредба од Основен суд Штип, затоа што се барал за издржување на казна затвор за извршени повеќе тешки кражби, како што се насилства и разбојништва во повеќе градови.

Ова лице е приведено во полициска станица Битола, а веднаш потоа ќе биде спроведенo во казнено-поправна установа за издржување на претходно изречената казна.