ДЕНЕШНАТА СЛИКА ОД ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО: Откорнати покриви, удар на ветер од 150 км/час, како и голема интензивна временска нестабилност

Сподели го ова:
























Денешното невреме кое се случи во Прилеп и прилепско беше проследено со висок интензитет на дожд, грмежи како и засилен ветер, а токму силниот ветар беше причина за да биде откорнат металниот покрив во една од зградите во населбата “Димо Наредникот”. Станарите видно вознемирени, беа излезени пред зградата каде паднатиот покрив сведочеше за големото невреме кое попладнево го зафати Прилеп, како и за силниот ветер кој иако во градот под Марковите Кули временски траеше мошне кратко, меѓутоа сепак сето тоа беше доволно, за да предизвика значителни штети.

До нашиот информативен тим пристигна информација дека во прилепскиот крај, поточно во викенд населбата “Маркова чешма”, ветрот однесе и уште еден метален покрив од викендичка.

Состојбата околу прилепскиот регион не беше ниту за степен поразлична, во однос на временската состојбата која настана во Прилеп. Краткото, меѓутоа силно невреме, си го направи своето а големата интензивна нестабилност резултираше и со силен удар на ветер од 150 км на час кој што беше регистриран на метеоролошката станица во Радарскиот центар во Тополчани.




Сподели го ова:

Слични објави