Билјана Зероска објави дека финансиските средства кои беа собрани од хуманитарниот концерт се предани на дневниот центар Ѕуница
Како што информиравме пред неколку дена, во чест на Лилјана Зероска – основач на трансфузиолошката служба, и оваа година се одржа хуманитарен концерт и крводарителската акција. Организатори на настанот беа Билјана Зероска и Лајонс клубот од Прилеп.
И оваа година, голем број на граѓани од градот под Марковите Кули уште еднаш ја покажаа својата хуманост преку донации за децата со попреченост од Центарот “Ѕуница” од Прилеп, на концертот кој се одржа пред градскиот часовник во понеделникпт на 09.09.2024 во 19 часот.
На концертот настапија детските музички ѕвезди од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, “Теди и Рубин”, Филип Николоски, Ѓоко Ѓорчев и многу други.
Среќни за успешно завршениот проект ! Донација : 21.000 денари.
Денес ги предадовме донираните средства од хуманитарниот концерт одржан на 9.ти Септември под мотото ” За подобар свет ” истакна Билјана Зероска.