|

ПОГЛЕДНЕТЕ: Најмладите прилепчанчиња од прилепските градинки на креативен начин ја одбележаа Европската недела на мобилност

Сподели го ова:





























Годишната тема на ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2022 „Подобри врски“ има за цел да ги истакне и поттикне синергиите меѓу луѓето и местата, кои ја нудат својата експертиза, креативност и посветеност на подигање на свеста за одржлива мобилност и промовирање промени во однесувањето во корист на активна мобилност, како и воспоставување врски помеѓу постоечките групи и нови приврзаници.

По повод Европската недела на мобилност, најмладите прилепчанчиња од прилепските градинки на креативен начин ја одбележаа Европската недела на мобилност. Имено, во рамките на одбележувањето на Европската Недела на мобилност, нашите најмали со бројни активности се вклучуваат во кампањата за подигнување на свеста за одржлива урбана мобилност, јавен превоз и други чисти транспортни решенија.

👉Ден без автомобили!!!

☝️” Да им кажиме НЕ на автомобилите”..

🌍За светот да биде вистински рај,❤️

👉да им кажеме на автомобилите бај бај!

Е сега, кога сме кај најмладите, информативниот тим на STANICA.MK топло Ви препорачува дека доколку Вашето детенце има најмалку 4 години, да го запишете за учество на 5-тото фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, и да си избере наслов на песничката по своја желба, па да ја снимите во професионално музичко студио. Како сето тоа изгледа, погледнете во видеото кое е во прилог на оваа објава:




Сподели го ова:

Слични објави