ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ОПАДНАТ ЗА 15 СТЕПЕНИ: Следува вистински студ, каде и дневните температури ќе бидат под нулата
Од вечерва не очекува голем снежен и ладен бран, кој ќе донесе снег и формирање на голема снежна покривка до 15 сантиметри. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

За време на следните два дена, температурите значително ќе опаднат и тоа за повеќе од 15 степени во споредба со сегашните. Следната седмица температурите ќе се спуштаат под нулата. Утринските температури ќе се спуштат до минус 15-тиот степен, а преку ден температурите на многу места во Македонија ќе се движат околу нулата. Исклучок ќе бидат југоисточните предели каде температурите ќе бидат неколку степени над нулата.


















