И покрај неповолните временски услови за работа, комуналците прават поголеми реконструктивни обновувања на спортско рекреативните терени на Могилата

Сподели го ова:


























Пред престојната пролет, и покрај неповолните временски услови за работа, комуналците прават поголеми реконструктивни обновувања на спортско рекреативните терени на Могилата. Се обновува старата искината и дотраена заштитна мрежа, се прават нови влезови на спортските терени за кошарка и мал фудбал, а во план е целосно да се оспособи и одбојкарското игралиште.

Можно е да е слика од 1 лице и надвор

Со оглед на тоа што овој комплекс е најпосетуван од прилепчани во текот на целата година, од страна на комуналното претпријатие се води посебна грижа за неговата чистота, зеленилото и засадувањето со сезонско цвеќе. Денеска во комплексот Могила, вработените од паркови и зеленило засадуваа нови садници дрвја.

Можно е да е слика од 1 лице, дрво и водна површина
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Инаку, новоизградениот дел во Спортско рекреативниот комплекс – Могила, е на површина од 26.524 м2, додека стариот дел од паркот шума е на површина од 27.577м2.




Сподели го ова:

Слични објави