ХАОС: Во прилепско, четири лица нападнале вработени во шумската полиција

Сподели го ова:
















Денеска (08.03.2023) во 00.44 часот пред с.Долнени, прилепско, вработени во шумската полиција, додека извршувале службени дејствија, пронашле товарно возило „там“ без регистарски ознаки и го одзеле, при што биле физички нападнати од Р.М. од с.Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „фолксваген пасат“ и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило.

Притоа, еден од вработените во шумска полиција испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Сподели го ова:

Слични објави