Искористете го денешниот прекрасен ден, бидејќи од утре дожд и снег на повеќе места во државава
Денеска / сабота, ќе имаме сончево време проследено со мала до умерена локална облачност, при што по котлините ќе има појава на магла, која само понекаде ќе остане подолготрајна.
Врз основа на информациите од УХМР, веќе од недела, времето ќе биде променливо облачно и постудено. Од недела вечерта, се очекува појава на повремен дожд, а на највисоките планини услови за краткотраен снег.
