СЕКОЈА ЧЕСТ: Претседателот на Советот – Проданоски, помеѓу муслиманските верници по повод денешниот празник “Рамазан Бајрам”

Сподели го ова:


























Како што знаат прилепчани, Претседателот на Советот на Општина Прилеп – Дејан Проданоски, освен што е врвен интелектуалец, воедно е и искрен – народен човек, за кој што не постојат никакви граници кога станува збор за градењето на цврсти, искрени пријателства. Тој гради мостови на пријателство помеѓу сите религии, бидејќи само со искрени пријателства и меѓусебна почит, заедно со Проданоски, градоначалникот Јовчески и нивниот тим, прилепчани веќе се враќаат на вистинскиот пат кој води кон едно подобро утре за сите нас – граѓаните на општина Прилеп.

По повод денешниот празник “Рамазан Бајрам”, Претседателот на Совет – Дејан Проданоски, беше помеѓу муслиманските верници, а по тој повод, еве што точно изјави Проданоски: Нека светлината на рамазанскиот месец Ви создаде голема хуманост, добри човечки односи, простување помеѓу луѓето, како и вистинска човечна искреност. Посакувам Рамазанскиот Бајрам, верниците да го дочекаат во пријатно расположение и добро здравје, и нека Рамазан Бајрам на сите верници им донесе општествена солидарност и семејна единственост-им посака Проданоски на сите оние, кои го слават “Рамазан Бајрам”.




Сподели го ова:

Слични објави