Јована Пејовска од ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп се закити со наградата „Клучар на детското царство“ на шеснаесеттиот меѓународен поетски фестивал „Дјечије царство“-Бања Лука
На 28 и 29 април во Бања Лука се одржа шеснаесеттиот по ред меѓународен поетски фестивал „Дјечије царство“, на кој учество зедоа претставници од сите држави од поранешните југословенски простори. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп-Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA ” кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков” и ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички хитови).
Во голема конкуренција на распишаниот конкурс од фестивалот, на кој учествуваа околу 4.500 деца од сите краеви во регионов, ученичката од ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп Јована Пејовска од 7-мо одделение доби виза да присуствува на оваа манифестација со својата лична творба „Јас“, како една од победничките песни, при што истата се пласира во првите 70 финалисти, литературни творци и на најдостоен начин го афирмираше нашиот јазик, а воедно и ова прилепско училиште и нашата општина.
Како единствен претставник од целата прилепска општина, Јована доби целосна поддршка и нејзиното присуство во Бања Лука го помогна Локалната самоуправа на општина Прилеп, при што на оваа ученичка и се овозможи на оваа свеченост да запознае многу познати поети од поранешните југословенски простори. На целосно професионален начин, во одлично светло го претстави нашето училиште и нашата општина. Јована Пејовска се закити со наградата, диплома „Клучар на детското царство“. Секоја чест Јована!!!