Талентираниот Христијан Тунески е новиот Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп
Христијан Тунески е новиот Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп. Станува збор за квалитетна, интелектуална личност, која што преку своите способности ќе треба да придонесе кон креирање на уште подобри политики за младите во Општина Прилеп. Тунески, беше избран во текот на вчерашниот ден со одлука на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. По тој повод вчера се огласи и Тунески на социјалните мрежи при што истакна: “Вечерва со одлука на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ бев избран за претседател на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ О.К Прилеп!Сакам да ја искористам оваа прилика и да му се заблагодарам на претседателот Сергеј Попов за дадената доверба и да се заблагодарам за поддршката на моите сопартијци!Да живее УМС!Да живее Република Македонија!”-напиша Тунески на својот профил на Facebook. Инаку УМС на ВМРО-ДПМНЕ е младата енергија и сила во оваа партија, при што како што истакна Претседателот на оваа партија Христијан Мицкоски во една прилика „Ако ВМРО е чуварот на Македонија, Унијата на младите сили е чуварот и моторот на ВМРО-ДПМНЕ цели 30 години. 30 години расадник на кадри, двигател и енергија на промените, авангарда која трае, иднината на нашата партија, но поважно – иднината на нашата земја. И затоа и за мене, но и за секој еден член УМС е повеќе од тело во партијата, туку тоа е емоција, спомени, дружби, арчење за идеја… Први на барикадите, протестите, први во судирот со мафијата! Први во бунтот за нашата Македонија! Ќе победиме за Македонија. Ќе победиме со срце и со жар, со љубов и посветеност! Да живее УМС, да живее ВМРО и Македонија“ рече Мицкоски на прославата по повод 30 години УМС која што се случи во месец Јуни 2021 година. .