МИХАИЛОВ: 40-тина дена се бориме секојдневно со нови, појавени “случајни” огнени стихии, а борбата на терен е нерамноправна

Сподели го ова:


























Нашата Македонија дефининитвно руши “црни рекорди” кога станува збoр за пожарите. Околу 40- тина дена земјава се соочува со пожари од огромни размери. Во однос на ова, а и многу повеќе, на еден мошне детален начин опишува заменик Генералниот директор на Македонски шуми, Кире Михаилов, кој преку конкретни зборови, факти и примери ни претстави една целосна слика за пожарите кои беснеат во нашата земја иминатиот период.

“Олимпијадата заврши, но ние дефинитивно сеуште сме на ПРАВ ПАТ да рушиме рекорди❗️

Црни, но сепак, рекорди‼️

Месец јули, за 20 дена со вкупно 765 пожари❗️

Месец август, со над 50 шумски пожари за 12 дена, а заедно со останатите, вкупно 438 пожари, повторно бројка која остава без здив❗️

40-тина дена веќе се бориме секојдневно со нови, појавени “случајни” огнени стихии, а борбата на терен е нерамноправна❗️

Тешко е, последици има и ќе има …

Злате од Сирково ја отвори сезоната со тешки изгореници обидувајќи се да го заштити родното Сирково, а неколку дена по него со изгореници и во болница завршија двајцата пожарникари од Битола при заштита на градот на конзулите од пламените јазици на двата пожари над градот❗️

НИ ПРОГОЛТАА ЖИВ ЧОВЕК ВО НЕГОВОТО ОГНИШТЕ ОГНЕНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО КУМАНОВСКО❗️

Неколку дена потоа, командирот од ТППЕ Штип и неговиот колега се повредија со скршеници само ден откако заедно се боревме со големата огнената стихија над штипско Селце❗️

Аце, еден од најпознатите пожарникари и доброчинител со неговата невладина од Штип одвај жива глава спаси од пожарите во штипско светиниколско❗️

На крај, четворицата пожарникари од Пехчево завчера поминаа само со полесни изгореници, а огнот целосно го проголта нивното возило❗️

И уште многумина кои не се експонираа, а имаат помали или поголеми повреди од изгореници до вдишување чад❗️

А од другата страна заедно со огнените пламени јазици имаме околу 20 фатени пиромани и уште неколку за кои се водат постапки❗️

Меѓу нив татко и два сина, цело семејство❗️

Цело семејство кое ќе оди во затвор❗️

Од другата страна имаме луѓе кои дефинитивно не се плашат од Божјата казна❗️

Дефинитивно мораме од корен да ја менуваме оваа триесетгодишна утопија дека создаваме нешто, а всушност, реалноста ја покажува на терен огромната нула❗️

И таа нула не е пред се поради тоа толку поради што не сме вложиле доволно во ресурси или обуки, туку оваа година ни покажа дека доволно не сме вложиле во љубов кон татковината во главите на нејзините граѓани❗️

Да имаш по 40 и кусур пожари дневно од кои повеќете од човечки фактор, наш, домашен, човечки фактор кој заедно со нас го дише истиот воздух, кој заедно со нас ја пие чистата природна планинска изворска вода, човечки фактор кој заедно со нас овде ги расте и неговите деца …

Дефинитвно не сме вложиле доволно во образованието на луѓето за да ја знаат важноста на ова кое го уништуваат …” – истакна заменик Генералниот директор на Македонски шуми, Кире Михаилов, Михаилов.




Сподели го ова:

Слични објави