ГО ОСВОИЈА БАЛКАНОТ, А СЕГА И СВЕТОТ! “Авантгард” – Прилеп влезе во Светската федерација на Естетска гимнастика, рамо до рамо со светските клубови и мајстори

Клубот за естетско ритмичка гимнастика ”АВАНТГАРД” – Прилеп, за само 8 години успешно постоење, каде и да се појави секаде освојува голем број на награди, како на домашните така и на меѓународните натпревари, од каде што се враќа со грст медали. Она што е ново кај овој клуб, е тоа што “Авантгард” – Прилеп влезе во Светската федерација на Естетска гимнастика, рамо до рамо со светските клубови и мајстори.
“Како тренер на единствениот клуб за естетска гимнастика”АВАНТГАРД” во Р.Македонија и во град ПРИЛЕП на мое големо задоволство сакам да споделам ,дека влеговме во Светската федерација на Естетска гимнастика, рамо до рамо со светските клубови и мајстори во овoј прекрсен спорт, и сме во листата на истите. Можам да кажам дека полека но трпеливо со многу труд, го поставивме темелот на овој прекрасен спорт од светски рамки кои досега го немало во нашата земја .
Ви благодарам на сите, на досегашната поддршка и доверба ,на сите што се членови на клубот, и сите кои биле членови . Ви благодарам од срце!
Имаме со што да се гордееме ,со нешто наше и уникатно,Прилеп е расадник на спортисти и талентирани деца . Одиме кон нови победи! Eстетска групна гимнастика (AGG) се заснова на стилизирано, природно движење на целото тело. Овој спорт вклучува хармонични, ритмички и динамични движења изведени со природна употреба на силата. Има природен тек од едно движење до друго, како секое ново движење да е создадено од претходното. Сите движења мора да се изведуваат течно, покажувајќи амплитуда и разновидност во динамиката и брзината.Потребни се физички квалитети како што се флексибилност, брзина, сила, координација и способност за движење без напор” – истакна Александра Стојаноска од клубот за естетска гимнастика”АВАНТГАРД” – Прилеп.