Oтстранети се двајца доктори од Детската клиника, заради смртта на 14-месечното бебе
Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство на Република Македонија, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година, истакнуваат т од Клиниката.
При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни – нагласи министерот за здравство Арбен Таравари.
















