Секој нов ден на протестите во Скопје има се повеќе народ

Секој нов ден на протестите во Скопје-има се повеќе народ. И денеска, вриеше од реки на народ во главниот град на Република Македонија, а исто така врие и трпението на голем дел од македонските граѓани, како резултат на тоа што Владата сака да го прифати францускиот предлог.

Граѓаните повторно и денес со масовна поддршка на протестот во Скопје. Дел од нив истакнуваат дека “ќе се борат до последно за да се спаси и она малку македонско што ни остана”. Од она што можевме да го забележиме денеска од протестот во Скопје, е фактот дека вечерва во главниот град имаше колони народ, кои што исто како претходните денови-така и денес, се приклучуваат на овој сенароден протест. Реките од народ ќе бидат тука секој ден, се додека Владата не го повлече својот став за прифаќањето на францускиот предлог.