Стручна екипа на НУ Завод и Музеј – Прилеп откри стопански објекти од 4 до 6 век кај Галичани

Сподели го ова:
























Екипа на археолози од прилепската Национална Установа Завод и Музеј на крајот од месецот јули изврши ревизионо археолошко ископување на една од неколкуте антички доцно – македонски гробници издлабени во карпа, евидентирани уште во 1958 година во месноста Под кули – Крклари. Минатата година беа истражени две гробници позиционирани на спротивната страна под прилепските Маркови кули, односно во месноста Мечкина дупка. Во нив биле погребувани поситуирани жители на пелагонискиот град Керамија во 2 век од старата ера. Воедно, прилепскиот регион предничи со евидентираните над 20 гробници од овој тип. Архитектонскиот концепт се состои од надворешна влезна патека – дромос, преткомора и главна внатрешна просторија – комора, во која била положена урната со кремираните останки од покојникот и даровите за него.

Истражувањето на гробницата на Крклари е иницијатива на археолозите од НУ Завод и Музеј, поддржана со внатрешни финансиски средства на установата. Планирано е отворање и доистражување на сите гробници (се претпоставува дека се најмалку четири на оваа локација) и урбанизирање на околниот простор (со отстранување на огромниот депониран отпад од месното население), по што со патоказ од главниот пат што води кон Марковите кули намерниците ќе бидат упатувани да го посетат ова археолошко наоѓалиште, оддалечено само на околу 300 метри од патот. На овој начин Прилеп ќе добие уште една атрактивна дестинација во понудата на културниот туризам.

Исто така, стручна екипа на НУ Завод и Музеј – Прилеп во месеците јуни и јули изврши заштитни археолошки истражувања на локалитетот Манастирче кај селото Галичани. Ископувањата беа според методологија на отварање на сонди и контролни ровови.

Откриени се делови од , односно во доцноантичко време и во рановизантискиот период. Од овие објекти се сочувани нивните основи кои претставувале издлабени јами во здрава земја, а биле покриени со покривна конструкција која ја сочинувале преплети од гранки и слама. Евидентирани се поголем број на помали кружни јами во кои биле вкопувани дрвените колци од покривната конструкција.

Од движни наоди откриени се поголем број на фрагментирани керамички садови од наведениот временски интервал, како и неколку алатки од камен и од железо. Исто така, откриени се и фрагментирани керамички покривни ќерамиди и градежна тула, што наведува на сознание дека на поширокиот простор имало и надземни објекти од цврста градба, односно со ѕидна архитектура од камен.




Сподели го ова:

Слични објави