|

Секое прилепчанче има една музичка цел- од Веселите Ѕвончиња да биде дел, со другарчина од повеќе градови да другарува, и во детското царство – безгрижно да царува

Сподели го ова:























Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, ги започна подготовките за следното-јубилејно 5-то фестивалско издание кое ќе се одржи наредната година во месец мај. Имено, овој најпопуларен детски музички фестивал, оваа година во Прилеп имаше две преполни сали во НУЦК Марко Цепенков, каде што прилепската публика и гостите од другите градови, уживаа во најновото фестивалско издание, и имаа можност да ги слушнат 16-те ново-компонирани детски хитови, кои освен учесници од Прилеп, имаше и учесници од повеќе градови од нашата Македонија.

Бидејќи станува збор за најпопуларниот и најбараниот детски фестивал, Веселите Ѕвончиња свои фестивалски настапи оваа година имаа и на плоштадите во Охрид и Битола, а пред неколку недели овој детски фестивал фестивалски концерт одржа и во Спомен куќата на Тоше Проески во историското-легендарно Крушево.

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!



Сподели го ова:

Слични објави