СЕ ПОФАЛИ МВР: Заплениле цигари, медицинско помагало, спортска опрема…

Сподели го ова:























Вчера (29.09.2023) во 04.30 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Ф.Т.(56) од Република Турција, со живеалиште во Скопје.
При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „ксарелто“, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино картички за кои не поседувал документација. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.


 



Сподели го ова:

Слични објави