НАРОДОТ ТРЕБА ДА ЈА ЗНАЕ ВИСТИНАТА! Николоски: Доста е од тајни преговори позади завеса

Сподели го ова:



















Колумна на Александар Николоски

Интензивна е политичката ситуација во Македонија, се наоѓаме пред големи предизвици, следните избори ќе решат голем дел од прашањата. Предизвик е состојбата со владеење на правото. Она што сега се забележува и се разликува од години наназад е тоа што корупцијата се спушти на најниско ниво. Буквално на најниско можно ниво.





Години наназад зборувавме за корупција на високо ниво која беше лоша и сега системот се урнисува и оди надолу, што создава два феномени. Економијата не напредува, напротив назадува и многу луѓе решаваат да заминат неможејќи да се борат во систем во кој треба да имаш роднина на шалтер или да почастиш нешто за да завршиш обична работа што не смее да биде дозволено. Тоа е тажна вистина која и се случува на Македонија.

Граѓаните ако порано заминувале од економски и егзистенцијални причини, сега заминуваат затоа што нема никаков ред во државата. Нема владеење на правото, нема систем. 

Јас постојано сум на терен и имам контакт со граѓаните, прв пат одговорот на тоа зошто луѓето си заминуваат се смени интензивно пред 3 до 5 години кога почнаа да одговараат со тоа дека нема ред, а другите заради децата затоа што нема ред во здравство, образование. Се изгубија основни вредности, а тоа се работи кои се средуваат за 6 до 9 месеци .  Со добра работа може да се има резултати. Треба само да се работи согласно закони и луѓето да се ослободат.

За борбата со криминалот и корупцијата треба да се ослободат институциите и секторски да се направи таа битка.

Сите знаеме кои се корумпирани доктори, но тоа треба да се истражи. Тие што не се да им се тргне таквиот имиџ, а тие што се не смее да останат доктори и да одговараат. Слушаме кои се корумпирани полицајци. Истото треба и таму да се направи и во секој друг сектор. Доколку во секој сектор државата удри во тие кои се симбол на рушење на системот, после тоа здравите единки ќе го градат системот, затоа што сметам дека 90% од луѓето кои работат јавна работа се квалитетни и мотивирани, но 10% го рушат угледот и тие се најагресивни и го уништуваат системот. Мора да се направи ред и битката со корупцијата да почне од најниско ниво.

Таа битка треба да почне со напуштање на праксата на договори на политичарите позади сцена. Доста е. 30 години се прават тајни договори кои ја рушат Македонија. Мора да се врати вербата кај народот – КОЛУМНАТА Е ПРЕВЗЕМЕНА ОД ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ И ИСТАТА СЕ НАОЃА ВО НИВНАТА КАТЕГОРИЈА “ИНТЕРВЈУА / КОЛУМНИ / ГОВОРИ”.



Сподели го ова:

Слични објави