Хероите живеат вечно! Пратеникот Милевски положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите од масакрот кај Вејце

Сподели го ова:






























Битолскиот пратеник Пеце Милевски, гордо и достоинствено изрази огромна почит кон загинатите од масакрот кај Вејце, положувајќи свежо цвеќе пред загинатите битолски бранители.

Масакрот кај Вејце, се случи на денешен ден пред пред 24 години (28 април 2001 година). Во таа пеколна 2001 година додека траеше воениот конфликт во Македонија, во масакрот загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили, помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. При тоа беа, во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили, а убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола.

28 април 2001 – Вејце, македонските бранители – наши сограѓани, животот го положија на браникот на Македонија. Слава им и нека е вечен споменот за нив, како потсетување за постојаната борба за Македонија” -истакна пратеникот Милевски.




Сподели го ова:

Слични објави