Се мобилизираат членовите од навивачката група “Комити” – ќе ги гаснат пожарите ширум Македонија

Сподели го ова:


























Навивачката група „Комити“ прогласи општа мобилизација на своите членови. “Комитиите” ќе учествуваат во гаснењето на пожарите ширум цела Македонија.

„ТРИБИНАТА-ЗА ТАТКОВИНАТА!
Републиката е повторно во пламен. Ние сме подготвени за борба!
Групата прогласува ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА на членството и ги повикува сите кои сакаат да помогнат!
Собирот започнува утре во 17:00ч
Локација: Шарлота
Дојдете со автомобили, и носете со себе:
・Чизми, маски за лице и капа
・Долги пантолони (не памучни)
・Шишиња со вода
・Лопати и гребла
・Мокри кебиња за безбедност
НАПОМЕНА: Организиран превоз нема. Затоа дојдете со што е можно повеќе автомобили. Ќе се организираме!
Тие кои не можат да дојдат, нека донираат опрема и се што можат од горе наведеното.
Во 17:30ч. ќе се упатиме сите заедно кон Свети Николе, каде што во моментов пожарот уништува цели животи на луѓе.
Веднаш започнете со организација и мобилизација. Одиме сите заедно – за македонски градови и села!
ПРВИ ДА ТЕ БРАНИМЕ!“, стои во објавата на Комити.




Сподели го ова:

Слични објави