“Стара црква” во Прилеп, никогаш не била потажна – се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младенците
Со длабока тага и сочувство, денеска во храмот Св. Благовештение – Прилеп, се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младенците, кои го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани.

Господи Исусе Христе Боже наш, смилувај се на прерано згаснатите животи на овие наши деца и те молиме прими ги нивните души во Твоите рајски прегратки. Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно. А на жална Македонија сила и утеха – порачаа од храмот Св. Благовештение – Прилеп.


















