Саботковски-Градоначалникот на Општина Могила денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Димче Могилчето

Сподели го ова:
















Саботковски-Градоначалникот на Општина Могила денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Димче Могилчето по повод 114 години од смртта на Димко Илиев Сарванов. По тој повод, се огласи и самиот Саботкоски на социјалните мрежи при што истакна: “Денес положивме свежо цвеќе на споменикот на Димче Могилчето, познат војвода од нашиот крај.На 4 јануари 1908 година, со својата чета паѓа во заседа на турскиот аскер во селото Ношпал, каде што се самоубива за да не падне жив во рацете на турскиот аскер.Погребен е на битолските гробишта ,,Света Недела”, а во октомври 2013 година неговите мошти се пренесени во црквата ,,Св. Архангел Михаил” во село Могила.Димко Илиев Сарванов – Могилчето е роден во село Могила, 1879 година. Израснал во патриотско и револуционерно семејство. Помеѓу македонскиот народ е попознат како Димче Могилче. Во родното село завршил основно училиште. Имено, Димче многу млад се вклучил во редовите на МРО, уште во 1898 година. Следните 2-3 години тој делува самостојно, но во 1901 година, како четник, се приклучува во четата на познатиот битолски војвода Ѓорги Сугарев и во целост ги прифаќа идеите на овој авторитетен македонски револуционер. Димко Сарванов – Могилчето бил против бугарски и српски оружени акции во Македонија и бил голем приврзаник на македонската кауза. За разлика од други револуционери тој и по Илинденското востание останува во Македонија и најчесто војува против бројните андандарски чети, турските порезници и домашните платеници. Македонскиот народен пејач напишал и отпеал повеќе песни за него кои имаат различна верзија. Најомилена кај населението од Битолско поле е ,,Абер ми иди од Могила“-напиша Саботковски на социјалните мрежи.







Сподели го ова:

Слични објави