Координативен состанок во Прилеп на градоначалниците и пратениците од Пелагонискиот регион, за иницирање на промена на законот за тутун

Сподели го ова:
















Како што најави изминатата недела градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, денес организираше координативен состанок во просториите на општината, на кој што присуствуваа градоначалниците на Општините Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Долнени и пратениците од Прилеп и Битола, додека пак градоначалниците на Кривогаштани и Крушево иако беа уредно сите поканети не присуствуваа на оваа средба.

За темата на состанокот и за целта која што сакаат да ја постигнат, свои изјави дадоа градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и пратеникот од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Градоначалникот Јовчески изјави дека според планот со останатите градоначалници и ветувањето од минатата средба со тутунарските здруженија денес се оствари оваа средба „ Денес во Општина Прилеп на моја иницијатива и на иницијатива на градоначалниците од регионот онаму каде што имаме тутунопроизводители и откуп на тутун,направивме состанок каде што се разговараше за откупот на тутунот, актуелната ниска цена и проблемот со увозот на тутун од страна. Воедно пред неколку денови остварив средба со здруженијата на тутунопроизводители каде што дојдовме до еден заклучок и тоа и го остваривме, се обративме со допис до државниот земјоделски инспекторат, да ангажираат што повеќе инспектори на откупните пунктови со што би се одбегнала можната манипулација. На оваа средба се присутни и пратениците од регионов, со кои што изготвуваме заедно предлог измени на законот за тутун кој што ќе биде доставен до собранието и ќе биде во прилог на тутунарите со тоа што ќе се забрани увозот на тутун од страна се додека не се откупи и последниот килограм од нашите тутунопроизводители кои што голем дел егзистираат од тоа“ истакна градоначалникот Борче Јовчески.







Сподели го ова:

Слични објави