|

ЗА САМО НЕКОЛКУ ДЕНОВИ – ДВА АВТОМОБИЛИ: Уште еден HYUNDAI Tucson ќе се вози низ прилепските улици

Сподели го ова:























Со среќата никогаш не се знае, а така беше и овој пат. Пред неколку денови наша прилепчанка излегла да се прошета, случајно си купила грепка, и си доби автомобил. Имено, за само неколку денови, среќата по втор пат се повторува во градот под Mарковите Кули, при што како што објавија денес на социјалните мрежи од Citu Tobaco Centar, уште еден автомобил HYUNDAI Tucson од најновиот инстант лоз 7 Х 7, се падна во Прилеп.

Добитникот засега сеуште не се знае, меѓутоа она што го знаеме е дека уште еден HYUNDAI Tucson ќе се вози низ прилепските улици.

Со голема радост Ве известуваме дека го имаме првиот добитник на автомобил HYUNDAI Tucson од најновиот инстант лоз 7 Х 7 кој Државна лотарија го пласираше неодамна. Среќата и се насмевна на Јована Стојановска од ПрилепДенес, во просториите на Државна лотарија се запознавме со добитничката, ја потврдивме добивката, а возбудена и среќна ни ја раскажа нејзината приказна. Имено, Јована повремено се забавува со инстант лотаријата на Државна лотарија, но секогаш верувала во среќата. При прошетка со нејзиниот брат, купиле два инстант лоза 7х7 од продажното место „Сити Тобако“ во Прилеп. На едниот лоз имале добивка од 500 денари кои решиле да ја заменат за нови инстант лозови. Во едниот од нив се криеле трите симболи на HYUNDAI Tucson кои означуваат една од 14-те главни премии кои ги нуди овој инстант лоз. Упатуваме честитки кон среќната добитничка и Ве известуваме дека наскоро ќе ги доделиме клучевите од прекрасниот автомобил, а ќе имате можност да слушнете од Јована за патот од упорноста до главната премија. Ве потсетуваме, како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „7 х 7“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 000 000 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила HYUNDAI Tucson и 7 возила HYUNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50 000 денари” – истакнаа од Државна лотарија на нивната објава на социјалните мрежи.



Сподели го ова:

Слични објави