Возачот кој ја уби Фросина може да го осудат до 20 години затвор
20-годишниот возач, кој минатата недела на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова, ќе одговара за најтешко кривично дело во областа на безбедноста на сообраќајот и тоа со умисла.
–Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла – истакна државниот јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Васил Јованов, во моментов отслужува 30-дневен притвор во КПУ Затвор „Скопје“.















