Ристески: Сега имаме намалени субвенции,а буџетот е рапидно зголемен

Сподели го ова:




.

Пратеникот Петар Ристески во својата изјава истакна „Најпрво сакам да ја поздравам оваа иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески и градоначалниците од Пелагонискиот регион , денеска на нивна покана сме присутни и пратениците  од ИЗ 4 со една цел да иницираме  до Собранието на РМ  промена на законот за тутун. Овој закон во 2019 година е изменет од СДСМ и ДУИ и прави проблем, пред се мислиме на забрана на увоз на тутун од страна, вклучување на договори со сите комитенти кои поднеле жалби да нема реваншизам кон тутунопроизводителите и да се зголеми контролата врз откупувачите од страна на државата бидејќи во овој момент голема е контролата од страна на откупувачите и се врши очигледен грабеж на тутунопроизводителите. Оваа година имаме добар квалитет на производ, а се цени по слична цена како и лани. Морам да потенцирам дека минатата година оправдувањето на откупувачите беше дека има вишок на килограми на тутун, дека е со низок квалитет и цената достигна од 159 денари по кг тутун. Оваа година имаме спротивна состојба имаме помало производство, склучен е договор на 22 милиони кг, а досега се произведени 19 до 20 милиони кг и во една ваква ситуација каде имаме недостаток на тутун, кога имаме производ со одличен квалитет цената повторно е многу ниска. Оттука упатуваме апел, ние пратениците и градоначалниците од овој регион до државниот земјоделски инспекторат и додека се откупени половина од производството на тутун во моментов се некаде до 10 милиони кг по цена приближна од 180 денари, а реалната цена би можела да биде 230 денари според условите во кои се наоѓаме и квалитетот на тутунот. Морам повторно да потенцирам дека во време на Владата на ВМРО- ДПМНЕ се исплаќаа 150/ 160 милиони евра во субвенции. Ова не било случајно во тоа време да се исплаќаат 150/ 160 милиони евра во субвенции, туку се следеле европскиот просек од ЕУ за вложување во субвенции во земјоделството. Сега имаме намалени субвенции,а буџетот е рапидно зголемен. Како пратеници даваме несебична поддршка бидејќи станува збор за 30 илјади семејства тоа се повеќе од 100 илјади граѓани кои директно егзистираат од тутунопроизводството“.





Сподели го ова:

Слични објави