Прилепскиот градоначалник наредната година е домаќин на славата св Наум-кај црквичката кај салата Македонија

Сподели го ова:


Прилепскиот градоначалник наредната година е домаќин на славата св Наум-кај црквичката кај салата Македонија. “Чест ми беше на овој светол ден, на празникот Св.Наум Охридски што бев со вас на ова место каде што имаме храм на светецот Св.Наум и заедно го празнуваме. Им честитав на годинешните домаќини за нивното кумство, да се здрави и живи заедно со нивните фамилии и напомош да е денешниот празник. Сакам веднаш да кажам дека за наредната година се пријавувам за домаќин на овој празник тука на истово ова место каде што се надевам во уште поголем број ќе го прославиме заедно празникот. Воедно сакам да дадам едно ветување за оваа црква Св. Наум, дека локалната самоуправа со сите надлежности и јас како градоначалник ќе ги преземеме сите активности во текот на оваа година 2022-ра, да ја завршиме изградбата на оваа црква, како внатрешниот дел така и надворешниот и комплетно партерно да го уредиме овој простор околу црквата и да претставува еден убав репрезент на влезот на градот и да биде светилиште на овој светец за сите граѓани на Прилеп”-истака Јовчески на социјалните мрежи.





Сподели го ова:

Слични објави