|

РЕЗИЛ ВО ПРИЛЕПСКО: Го фатиле како кради, па го врзале за бандера за да го гледаат сите “на сред село”

Сподели го ова:























Како и во секој град, така и во нашиот, нашите сограѓани се постојана мета на крадци кои речиси секојдневно “оперираат” во Прилеп и прилепско. Некои од нив ќе бидат пронајдени од страна на МВР, а некои пак не. Меѓутоа, штом настане кражба и истата дури да се пријави во МВР, па да се направи увид на лице место, па да се констатира реалната состојба, сето тоа e многу време и одовлекување на процесот. Меѓутоа, најефективен начин, е кога крадецот ќе биде фатен на лице место, како што бил случајот во понеделникот кога крадецот кој крадел во една од куќите во прилепските села “бил фатен на лице место” од страна на сопственикот на куќата.

Како што за нашиот информативен портал истакнува лицето кое го затекнало крадецот, веднаш потоа откако го затекнал како краде, го совладал во неговата куќа, и го врзал на бандерата пред неговата куќа која била речиси “на сред село”. Тоа било вечерта после 01 часот по полноќ, при што утрото кога комшиите оделе на нивите за да берат тутун, имале што да видат, гол човек “по гаќи” врзан за бандера над кој стоел натпис “КРАДЕЦ”, а за да резилот биде уште поголем, натписот бил напишан на тоалетна хартија.

Откако го виделе речиси сите од селото, некаде околу 07 часот истиот бил пуштен, меѓутоа како што истакнува сопственикот на куќата каде што влегол крадецот, ова не му бил прв пат вака крадецот да биде “фатен на дело”.

Сопственикот на куќата кој што го затекнал крадецот како краде кај него, сакаше да остане анонимен, бидејќи целта како што вели за stanica.mk не му била со овој ваков подег да се фали во Прилеп и прилепско, туку напротив- со ваквиот негов чекор целта му била да даде пример како може да “изрезилите крадец” ако го фатите како краде на лице место. Меѓутоа наша препорака, во вакви ситуации е веднаш да пријавите во МВР, бидејќи има институции кои по закон се одговорни и должни да преземат конкретни мерки и санкции кон ваквите лица.

НАПОМЕНА: ТЕКСТОТ Е ПРАВОПИСНО СРЕДЕН И ЛИТЕРАТУРНО КОРЕГИРАН ОД СТРАНА НА ИНФОРМАТИВНИОТ ТИМ НА STANICA.MK, МЕЃУТОА ИСТИОТ ЦЕЛОСНО ЈА ОТСЛИКУВА ПОРАКАТА КОЈА ШТО АНОНИМНОТО ЛИЦЕ ЈА ИСПРАТИ ДО НАШИОТ ИНФОРМАТИВЕН ПОРТАЛ.

ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ОВАА ОБЈАВА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ БЕЗ ОФИЦИЈАЛНА ДОЗВОЛА ОД ИНФОРМАТИВНИОТ ТИМ НА ИНФОРМАТИВНИОТ ПОРТАЛ “STANICA.MK”



Сподели го ова:

Слични објави