Јовчески оствари средба со родољуби и хумани прилепчани, членови на Австралиско – Македонското друштво – Методија Андонов – Ченто од Сиднеј, Австралија

Сподели го ова:


























Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во неговиот кабинет оствари средба со членови на Австралиско – Македонското друштво – Методија Андонов – Ченто од Сиднеј, Австралија.

На мое огромно задоволство, остваривме средба со нашите родољуби и хумани прилепчани, членови на Австралиско – Македонското друштво – Методија Андонов – Ченто од Сиднеј, Австралија. Соработката помеѓу Општина Прилеп и Австралиско – Македонското друштво Методија Андонов Ченто – Сиднеј, трае повеќе од една година преку разни донации насочени кон младите во нашата општина. Разговаравме за досега реализираните, но и за идните проекти, па во тоа име подадовме рака како благодарност за досегашната соработка и уште многу успешни заеднички приказни во иднина – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави