Прилепскиот градоначалник, денеска присуствуваше на “традиционалното Ашуре” во прилепско Канатларци
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, денеска присуствуваше на традиционалното Ашуре во прилепско Канатларци. Колку за потсетување, “денот на Ашуре” е десеттиот ден на месецот Мухарем.
“Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста, се споделува со соседите, пријателите и роднините. Соживотот и заедничкото негување на традиционалните вредности претставува вистински пример за меѓуетничко почитување” – истакна Јовчески при неговата денешна посета во прилепското населено место Канатларци, а како беше пречекан таму, може да видите од галеријата на слики која следи во прилог на оваа објава: