Антониа “му мавна корпа” на Артан Груби?

Aнтониа Гиговска го откажа својот настап во однос на најавената прослава на Рамковниот договор на плоштадот Скендербек во Скопје. Како што истакнува пејачката, неа не ја интересираат партии и дека таквиот нејзин ангажман го договорил нејзиниот менаџер без нејзино знаење.
Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – истакна Гиговска.
Како и да е, Гиговска нема да пее на најавената прослава од Министерството со кое раководи ДУИ и првиот вицепремиер Артан Груби. Дали со ваквата одлука Антониа “му мавна корпа” на Артан Груби-останува да видиме.