РЕЗИЛ: Бугарка фатена како краде во Македонија
Денеска (05.09.2023) на автобуската постојка на бул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, од слобода ја лишиле Ц.Б.(24) од Република Бугарија. Таа била фатена при извршување на кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник, меѓутоа освен тој паричник, кај неа бил пронајден уште еден друг паричник кој бил со лични документи и пари на женско лице од Скопје.
По целосно документирање на случајот, и во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.