ИМА РАЗЛИКА! Додека некои произведуваат марихуана, македонски средношколци произведоа три нови производи во фармацевтската лабораторија во нивното училиште

Сподели го ова:
























Ученици од средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, произведоа три нови производи во фармацевтската лабораторија, а оваа вест е објавена и на Facebook профилот во ова училиште.

Вештите и вредни раце на учениците од медицинската струка – „фармацевти“, денеска изработија природни производи од билката гавез, во форма на крем, гел и маст. Гавезот е магична билка, моќно решение за многу здравствени проблеми. Нејзините лековити дејства се познати одамна. Лековити се и лисјата и коренот. Се користи за болни зглобови и артритис, против ревматични болки, отоци, помага кај гихт, помага кај повреди. Се користи и во козметиката бидејќи ја регенерира и подмладува кожата, ги намалува брчките, стриите, белезите информираа од училиштето на нивниот фејсбук-профил.




Сподели го ова:

Слични објави