Прилепчанец упатувал заканувачки пораки кон полициски службеник

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.07.2024 по претходно констатиран сообраќаен прекршок пријавениот на социјална мрежа, упатувал заканувачки пораки на полициски службеник – информира МВР.