РАДОСТИ! Во посета на Општина Прилеп беа дечињата од предучилишна возраст од ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп

Денеска во посета на Општина Прилеп, беа дечињата од предучилишна возраст од градинката „Мирче Ацев“, дел од ЈОУДГ „Наша Иднина“ од Прилеп.
Имавме прилика да им ја презентираме општинската зграда, работата и секторите во неа и се разбира мојот кабинет, каде што поразговаравме и имав прилика да слушнам од нив прекрасни песнички. Ви благодарам за посетата и за убавите подароци.
Секојдневното вложување на вработените, во растот и развојот на децата од предучилишна возраст, значи давање надеж и крилја на децата за предизвиците во нивниот живот. „Секое дете е различен цвет во овој свет“! – истакнаа од Општина Прилеп.